Заврши преодниот рок во Италија: Малку „бура“, ниту една „бомба“

780

Вечерва во 20 часот се затвори зимскиот преоден рок во Италија. Последниот ден донесе неколку „бури“, но не и големи трансфер „бомби“.

Најголемото име во последниот ден од преодниот рок во Италија е францускиот офанзивец Флоријан Тован, кој по истекот на договорот со мексикански Тигрес како слободен играч потпиша договор со Удинезе. Тој ќе го замени Жерар Деулофеу кој мора да оди на операција на коленото.

Шпанскиот стопер Диего Љоренте направи трансфер во Рома, додека левиот бек Лука Пелегрини ја откажа позајмицата од Јувентус во Ајнтрахт и се пресели во Лацио како позајмен со право на откуп по цена од 15.000.000 евра.

Верона го доби Аргентинецот Адолфо Гаич од ЦСКА Москва на позајмица вредна 500.000 евра, додека францускиот стопер Ендрју Гравилон дојде во Торино на позајмица од Ремс откако беше купен од Галатасарај. На местото на Саша Лукиќ во Торино беше ангажиран Роналдо Виера од Сампдорија, кој се пресели на позајмица на шест месеци.

Фиорентина го купи Барак од Верона за 8.500.000 евра и не му дозволи на Софијан Амрабат да оди во Барселона.

Сампдорија во битката за опстанок доби две скромни засилувања. Германскиот стопер Корај Гунтер пристигна на позајмица од Верона, а поранешниот играч за врска на Баерн, Микаел Куизан од Венеција.

ПретходноТорган Азар во дресот на ПСВ
СледноЃоковиќ нема да игра во Индијан Велс и Мајами, но ќе игра на УС Опен