Крилниот напаѓач Јован Попзлатанов по неколку месеци во Вардар се врати во редовите на Македонија Ѓорче Петров. Екс-младинскиот репрезентативец прифати да игра за „лавовите“ и се враќа во позната средина и покрај тоа што имал и други понуди меѓу кои од Силекс и Брегалница.
Претходно, Македонија ЃП се засили со бразилскиот бек Андреј Јаго и Драган Стојков.
Освојувачот на Купот на Македонија веќе една седмица е на подготовки во Анталија