ПОТВРДЕНО: Саша Лукиќ потпиша за Фулам

271

Англиски Фулам вечерва го потврди потписот на Саша Лукиќ од Торино. Играчот од средниот ред се согласил на четири и пол годишен договор, со опција за продолжување за дополнителни 12 месеци.

26-годишниот српски репрезентативец по потпишувањето на договорот за клупскиот сајт изјави: „Многу сум среќен што потпишав и што сега сум дел од тимот на Фулам. Едвај чекам да започнам и да се сретнам со главниот тренер, играчите и персоналот и со нетрпение очекувам да тренирам со нив кога ќе пристигнам во Англија. Го видов Фулам како игра оваа сезона имаат добар состав, со голема историја“.

Лукиќ во Фулам договори годишна плата од 2,5 милиони евра.

ПретходноТФТ со пеколна прва четвртина до победа над Чаир
СледноОлимпијакос „избриша паркет“ со Фенербахче среде Истанбул