Холандски ПСВ вечерва се пофали со уште едно засилување за вториот дел од сезоната. Белгискиот репрезентативец Торган Азар и официјално е нов член на тимот од Ајндховен.
Азар доаѓа во ПСВ на позајмица до јуни оваа година, без можност за откуп на неговиот договор со Борусија (Д). Позајмицата ќе го чини ПСВ само 500.000 евра.
По завршувањето на договорот за наем, Азар ќе се врати во Дортмунд.