Еден од најдобрите играчи на СП во Катар, Софијан Амрабат нема да ја засили Барселона, барем не во овој зимски преоден рок. Барселона излегла со понуда од 4 милиони евра за позајмица, а потоа со опција да го откупи договорот за 36 милиони евра, открива детали Џанлука Ди Марцио. Сепак ова било експресно одбиено од Фиорентина.
„Виолетовите“ објаснија дека Амрабат е важен фудбалер во тимот и не сакаат да го „загубат“ на позајмица, посебно кога нема клаузула за обврзувачки откуп.
Иако 26-годишниот фудбалер не беше на тренингот денеска, од Фиорентина му соопштиле дека нема да си оди од Фиренца до крајот на сезоната.