Англискиот премиерлигаш Евертон испратил понуда до францускиот напаѓач Оливие Жиру кој игра во Милан, меѓутоа биле одбиени од самиот фудбалер, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.
„Карамелите“ му понудиле на 36-годишниот фудбалер договор до крајот на сезоната и плата од 3 милиони фунти плус дополнителни 2 милиони фунти доколку избегнат испаѓање во понизок ранг. Ако опстанат во Премиер лигата Жиру ќе добие нов договор со годишна плата од 7,4 милиони фунти.
Жиру го одбил овој предлог, а со тоа и Милан го одбил Евертон.
Французинот помина девет години во Премиер лигата како играч на Арсенал и Челзи пред да отиде во Милан во 2021 година. Тој со Милан стана шампион на Италија во дебитантската сезона. Иако му истекува договорот ова лето, се очекува истиот да биде продолжен на уште една сезона.
Во моментов Милан се наоѓа во лош период, претрпе два тешки порази, од Лацио 0:4 и од Сасуоло 2:5. Тимот се наоѓа на петтото место со 38 поени. Од друга страна Евертон се бори за опстанок.