Без поголеми проблеми и со убедливи 4:0, фудбалерите на Баерн (М) славеа на гостински терен против Мајнц во меч од осминафиналето на германскиот куп.
Момците предводени од Јулијан Нагелсман, конечно, ја остварија првата победа во новата година, откако пред овој меч трипати ремизираа во Бунделсигата. Само неколку дена откако дојде на позајмица од Манчестер Сити, денеска стартер кај баварците беше и Португалецот Кансело, кој вод ебитантскиот настап запиша прва асистенција.
Кансело му асистираше на Чупо-Мотинг за првиот гол за гостите и водство од 1:0. Мусиала погоди за 2:0 во 30. минута, додека Сане зголеми и на 3:0 во 44. минута.
Во вториот дел по неколкуте замени, германскиот шампион преку Дејвис во 83. минута зголеми и на 4:0.