Вечерва почнува светското клупско првенство, а на него за прв пат ќе видиме ново правило во фудбалот. Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино објасни дека за првпат судиите со помош на микрофон ќе ги објаснуваат своите одлуки.
Пред тоа судиите користеа ВАР технологија при спорни моменти, па прегледуваа снимка пред да донесат одлука. Сега кога ќе донесат одлука треба да ја образложат пред навивачите.
„Ова е важна вест за сите љубители на фудбалот кои сакаат образложение за судиските одлуки. Следете го ФИФА Светското клупско првенство кое почнува на 1 февруари во Мароко. Ќе видите важна промена во начинот на кој судиите комуницираат, како и одлуки поврзани со ВАР системот“, напишал Инфантино на Инстаграм.
Судиите за прв пат ќе се обратат преку микрофон директно на навивачите на стадионот и гледачите пред телевизиските екрани. Целата работа го надополнува и фрагментот кој објаснува дека ова е почеток на промените кои ги планира светската фудбалска федерација.
„Сакаме да го подобриме ВАР и да ја подигнеме свеста. Се надевам дека ќе уживате“, дополни Инфантино.
View this post on Instagram