Долгогодишниот претседател на Баерн (М), Карл-Хајнц Румениге отворено зборуваше за главната разлика меѓу Баерн и останатите тимови во Бундеслигата во поглед на сфаќањето на трансфер пазарот.
„Големата разлика меѓу Баерн и, да речеме, Борусија (Д) или Лајпциг е тоа што овие клубови имаат различни филозофии за трансфери. Вклучително и поради различните економски услови. Баерн никогаш не би продавал играчи како Белингем или Нкунку. Имаме закон кој не се менува: играч кој е важен за тимот мора да остане, дури и ако треба да дадеме многу пари за него. Се сеќавам, беше 2008 година. Тогаш добивме два неверојатни понуди за Франк Рибери. Една од Шпанија и една речиси неморална од Англија. Ули Хенес, Карл Хофнер и јас се сретнавме со Франк Рибери и му рековме: ’Можеш сè да превртиш наопаку, но ќе останеш во тимот. Ќе ти дадеме понуда за нов договор на граница на нашите можности. Така, Френк остана во Баерн, а ние го добивме ова златно правило. Го следиме до ден-денес. Да речеме сега би можеле да го продадеме Мусиала за повеќе од 100 милиони евра. Но, каде тогаш ќе најдеме таков златен играч? Не само што е исклучителен на теренот, тој е одлична личност“, отворено раскажува Румениге за стратегијата на баварците.