Со „Комити“ и несовршеното изгледа добро: Вардар го урна Партизан за прва СЕХА-радост (ФОТО)

1176

Во одлична атмосфера, благодарение на „Комити“, актуелниот македонски првак на домашен терен го совлада Партизан со 31-26 во рамките на второто коло во СЕХА-лига. Вардар 1961 повторно не блескаше во регионалното натпреварување, но овој пат успеа да дојде до бодовите против далеку послабиот противник.

Томовски блескаше, одлично ја чуваше мрежата, имаше 12 интервенции. Манасков и Талески имаа по девет гола, Стоилов запиша 6. На другата страна Зечевиќ имаше седум погодоци, Трнавац имаше 14 одбрани.

Гостите не поведоа ниту еднаш на оваа средба, „црвено-црните“ отворија со 5-2, позитива која ја имаа во најголем дел во првото полувреме. Избраниците на Владо Недановски на двапати имаа и плус четири 12-8 и 14-10.

По 16-14 на одморот, Партизан испрати порака нека лесно да се предаде, веќе во 42 минута израмнина 21-21. Одбраната беше под нивото, па противникот максимално го користеше тоа. Манасков, Талески, Георгиевски и Стоилов сепак ги ставија работите во стар тек, па Вардар имаше сигурни 25-21 пред стартот на последните десет минути, доволно за сигурно чекорење кон победата.

 

ПретходноФилип Тодороски е нов играч на Работнички
СледноЕте го и првиот Австриец во Манчестер Јунајтед