Јокиќ е од некоја друга планета, Леброн на 89 поени до рекордот на Џабар! (ВИДЕО)

5545

Да, Никола Јокиќ е од некоја друга планета. Не може да се каже поинаку ако се знае дека Србинот и центарот на Денвер утринава одново дојде до трипл-дабл, и тоа 16-ти сезонава. Јокиќ го предводеше својот тим до победа над Њу Орлеанс со 122:113.

А, еве ги бројките на Јокиќ…26 поени, 18 скокови и 15 асистенции. По завршување на мечот публиката извикуваше: МВП, МВП, МВП…со право.

Леброн Џејмс одигра уште една фантастична партија за својот тим ЛА Лејкерс и дојде на само 89 поени до рекордот на Карим Абдул Џабар, рекорд кој во светот на НБА никој не веруваше дека ќе биде урнат. А тоа е во бројот на постигнати кошеви.

Легендарниот Џабар застана на 38.387 поени, а како игра Леброн се чини дека во наредните десет дена ќе влезе во историјата на НБА. Инаку Лејкерси после продолженијата го совладаа Њујорк со 129:123, а Леброн забележа 28 поени.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати: Кливленд – Мајами 97:100, Чикаго – ЛА Клиперс 103:108, Милвоки – Шарлот 124:115.

 

ПретходноБенфика потврди: Рекордниот трансфер на Енцо Фернандез изнесува 121 милиони евра!
СледноЧелзи “лупна“ 323 милиони фунти за нови играчи во овој преоден рок!