Анчелоти: Зошто не играат Азар, Одриозола, Ваљехо? Тука сум да победувам, а не да давам минути на играчи

432

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти објасни зошто клубот бил пасивен на трансферниот пазар оваа зима, а исто така го сподели своето мислење за моменталната кадровска ситуација.

Распоредот е едноставно луд. Тие ја преминаа границата. Ние сакаме да играме многу натпревари, но проблемот е што играчите се уморни. Жртвуваме еден турнир за друг? Не, никогаш. Блиску сме до освојување на Купот, ние ќе играме во најважното натпреварување, Лигата на шампионите, а ќе се бориме до крај во Ла Лига“, изјави италијанскиот тренер.

На прашањето зошто не играат некои играчи како Азар, Маријано, Одриозола и Ваљехо, Анчелоти одговори:

Тие не играат – други играат. Овде сум да победувам на натпреварите, а не да им давам минутажа на играчите. Не купивме никого во јануари затоа што го планиравме нашиот инвентар во текот на летото. И овој план се покажа како добар. Никој не ни треба“, рече Анчелоти ја цитира „Мadrid Xtra“.

Реал Мадрид по 18 кола се наоѓа на второто место во шпанската Ла Лига, со пет бода помалку од Барселона.

 

ПретходноАлександар Катаниќ е новиот напаѓач на Силекс
СледноНов пораз за Работнички, битолчани со цел плен од Скопје (ФОТО)