Барса не го дава врвот: Рафиња и Левандовски за нова победа (ВИДЕО)

125

Барселона ја оствари и 16-тата победа сезонава во Ла Лига, откако вечерва на гостувањето во Андалузија со 2:1 го совлада Бетис.

Во цврст и неизвесен меч до прв гол се чекаше цели 65. минути, кога Каталонците благодарение на Рафиња дојдоа до предност од 1:0. Бетис се обиде да возврати, но со голот на Левандовски во 80. минута, Барселона ги скрати сите надежи на домашните.

Во 85. минута, Кунде ја затресе сопствената мрежа и им донесе гол на домашните, кои до крајот на мечот не успеаја да искористат шанса за израмнување.

Со оваа победа Барса се искачи на +8 во однос на Реал (М) на врвот на табелата во Ла Лига.

 


Standings provided by Sofascore

 

ПретходноМанчестер Ј. го потврди местото во финалето на Лига Купот (ВИДЕО)
СледноДали војната меѓу Ф1 и ФИА може да донесе проблем пред стартот на новата сезона?