Иако се чека официјална потврда и од Челзи, сепак Бенфика потврди дека Енцо Фернандез е играч на тимот од Лондон. Трансферот изнесува 121 милиони евра. Од кои 120 милиони е е откупна клаузула плус еден милион да не биде само таа клаузула.
Од овој трансфер 25% од парите одат за Ривер Плата и плус уште некои бонуси, што значи дека Аргентинците за само шест месеци заработија повеќе од 50 милиони евра, додека пак Бенфика има чист профит од 66 милиони евра за само шест месеци, што навистина е одлична зделка.
Инаку договорено е сумата од 121 милиони евра да биде платена на шест рати, а првата рата да изнесува 45 милиони евра.
Да повториме, ова е рекорден трансфер во британскиот фудбал.