Беса загуби од Конкордиа во Анталија

126

Екипата на Беса Добри дол предмалку во рамките од подготовките во Анталија, загуби на пријателскиот дуел против тимот на Конкордиа од Романија. Прволигашот од Романија се покажа како пресилен противник за нашиот второлигаш во моментов што и не е така страшно со оглед на фактот дека се работи за подготвителни мечеви.

Конечниот резултат на овој дуел гласи 2:0.

Претходно Беса одигра дуел со екипата на Турон кој исто така го загуби додека пак во домашни услови одигра против Тетекс.

 

ПретходноСкопје ремизираше со Локомотива
СледноСтруга ТЛ ремизираше со Хелсингор