Бурсаќ пред излезните врати, МЗТ Скопје наскоро со ново засилување?

664

МЗТ Скопје и натаму го бара вистинскиот „рецепт“ за да го поправи впечатокот во АБА-лига. Актуелниот македонски првак засега останува на две победи и 15 порази, скор кој го враќа назад во второлигашкото јадранско натпреварување.

Во ростерот по доаѓање на Драган Николиќ се направија промени, но истите барем засега не го даваат посакуваниот плод. МЗТ Скопје и натаму игра под нивото, тоа го покажа против Гостивар на гости во домашниот шампионат и на последната средба против С.Ц Дерби на гости.

Спортмедиа дознава дека наскоро ќе има и нова промена во составот. Александар Бурсаќ е пред излезната врата на клубот. Тој дојде во ноември како замена за Еван Максвел под обрачите, но неговиот просек во десет одиграни меча е 6,7 поени.

Неофицијално, Дарко Планиниќ би можел да биде неговата замена. Станува збор за 32-годишен кошаркар кој настапува за романскиот тим Волунтари. Има богати сиви и искуство, кое ќе биде добредојдено за овие тешки денови за МЗТ Скопје. Својата кариера ја започнал во Широки, по што заминал во Макаби.

ПретходноВардар 1961 го пречекува Партизан, „Комити“ се мобилизираат!
СледноМатеј Цветаноски нов играч на Академија Пандев