Вечерва почнува клупскиот Мундијал: Реал e фаворит, Фламенго чека од „сенка“

218

Со осминафиналниот дуел меѓу египетскиот Ал Ахли и Оукленд Сити од Нов Зеланд (20:00 часот) почнува Светското клупско првенство. Клупскиот Мундијал се игра во Мароко.

Европскиот првак Реал Мадрид и јужноамериканскиот Фламенго се фаворити за трофејот. Реал го брка петтиот пехар во ова натпреварување, додека Фламенго втората после онаа од далечната 1981 година кога турнирот се нарекуваше Интерконтинентален куп.

Победникот од мечот Ал Ахли и Оукленд ќе се соочи со Сиетл Саундерс во следната рунда.

Реал и Фламенго ќе стартуваат од полуфиналето. Реал ќе ја чека разврската од дуелите меѓу Ал Ахли и Оукленд односно Сиетл. Фламенго во полуфиналето го чека подобриот од дуелот меѓу домаќинот Видад Казабланка и Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Финалето е закажано за 11 февруари во Рaбат.

КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД
2.јануари 2023
(Меч 1) Ал Ахли – Оукленд Сити
4 февруари 2023
(Меч 2) Сиетл/ Ал Ахли – Оукленд Сити
(Меч 3) Видад – Ал Хилал
ПОЛУФИНАЛЕ
8 февруари 2023
Реал Мадрид – Победник Меч 2
Фламенго – Победник Меч 3
МЕЧ ЗА ТРЕТО МЕСТО (11 февруари)
ФИНАЛЕ (11 февруари)

ПретходноСменет Хорват, разрешен Червар, Хрватска има нов селектор!
СледноАлександар Катаниќ е новиот напаѓач на Силекс