Дали војната меѓу Ф1 и ФИА може да донесе проблем пред стартот на новата сезона?

407

Првиот човек на Ферари, Фредерик Васер, е уверен дека нема да има никакви протести и бојкоти на новата Формула 1 сезона поради конфликтот кој се појави меѓу сопственикот на натпреварувањето компанијата Либерти Медија и првиот човек на ФИА, Мохамед бин Сулејем.

Либерти Медија се крајно незадоволни од коментарите на Бин Сулејем за комерцијалните активности на компанијата, особено, одбивањето да преговара со државниот фонд на Саудиска Арабија за можна продажба на Формула 1 за 20 милијарди долари.

Бен Сулејем е обвинет за недоволното внимание на ФИА за проблемите со непочитување на човековите права во некои земји домаќини на Гран При трките, вклучително и Саудиска Арабија.

„Убеден сум дека штом болидите ќе излезат на патеката, целата оваа приказна ќе исчезне од екраните. Се разбира, ќе имаме дискусии за овие прашања, но се надевам дека, како и секогаш, ќе можеме да останеме фокусирани на спортската компонента“, изјавил првиот човек на Ферари.

ПретходноБарса не го дава врвот: Рафиња и Левандовски за нова победа (ВИДЕО)
СледноЛидерот Бостон без проблеми против Бруклин (ВИДЕО)