Изненадување од Манчестер Јунајтед. Во последните часови од преодниот рок великанот од „Олд Трафорд“ го засили дефанзивниот ред за врска со австриски репрезентативец. Се работи за Марсел Забитцер кој доаѓа од редовите на Баерн Минхен како позајмен фудбалер.
Тој е првиот Австриец во редовите на Манчестер Јунајтед односно Австрија е 44 држава која ќе има претставник во клубот од „Олд Трафорд“.
Забитцер за Австрија има 68 натпревари, а пред Баерн играше за РБ Лајпциг, РБ Салцбург, Рапид Виена и Адмира Вакер.
FOTO> Скај Спортс
Rate the signing of Marcel Sabitzer out of 10 👇 pic.twitter.com/zr9QJ3BL6p
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 1, 2023
Welcome to United, Marcel Sabitzer 👊#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) February 1, 2023