Здравко Мамиќ, кој и покрај фактот што веќе неколку години се наоѓа во бегство во БиХ, сепак се уште важи за човек кој и тоа како има што да каже, посебно за балканските медиуми.
Некогашниот газда на Динамо Загреб, а некои велат и сегашниот, во мега интервју за српски “Моцарт“ кажува нешто што во Хрватска одекна како “бомба“, а тоа е дека бил замолен од тогашниот премиер на Хрватска, Иван Санадер му помогне на Хајдук.
„Во таа сезона 2004/05 ние бевме катастрофа. Игравме во плеј – аутот. Во следната сезона тоа требапше да му се случи на Хајдук. Познато е дека Санадер е голем фан на Хајдук, како Сплиќанец ме замоли да му помогнам на Хајдук, односно натшреварот во Сплит да му го пуштам. Се со цел Хајдук да не игра во плеј – аутот. Јас му одговорив дека ни на родената мајка не би и пуштил, но дека ќе направам се што треба Хајдук да не се најде во плеј – аутот. И така и беше, Динамо Загреб победи во Сплит, но се случија некои работи со моја помош кои му помогнаа на Хајдук. Јас едноставно го спасив Хајдук од срам“ изјави Мамиќ.