Зимскиот “меркато“ е завршен, вистинската “бомба“ се спрема за 2024!

657

Синоќа заврши зимскиот преоден рок во фудбалска Европа, поточно во најсилните лиги. Се разбира дека “ѕвездата“ е Челзи и рекордниот трансфер на Енцо Фернандез од Бенфика во Лондон за рекордни 121 милиони евра.

Сепак, сепак вистинската “бомба“ ќе пукне во 2024 година и тоа онаа на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Познато е дека најдобриот светски напаѓач две години преговараше со “кралевите“, но сепак минатото лето одлучи да остане во Париз. Тој потпиша нов договор со ПСЖ до 2025 година, но со можност една година порано да може да си оди.

Најавите велат дека ниту Реал, а ниту Мбапе нема да пропуштат таа шанса за тој трансфер, кој по се ќе биде трансфер на деценијата, ако не и на 21 век.

ПретходноЧелзи “лупна“ 323 милиони фунти за нови играчи во овој преоден рок!
СледноНеверојатно: Роналдо заборавил два часовника во хотелска соба во Белград вредни 3,5 милиони евра!