Манчестер Ј. го потврди местото во финалето на Лига Купот (ВИДЕО)

113

Фудбалерите на Манчестер Ј. го потврдија своето место во финалето на Лига Купот на Англија, откако вечерва на реванш полуфиналната пресметка со Нотингем Ф. славеа со 2:0.

Уште по првиот меч беше јасно дека „црвените ѓаволи“ со една нога се во финалето, откако на гости ги совладаа „шумарите“ со 3:0.

Вечерва во рутински меч со два гола во завршницата момците на Тен Хаг го потврдија пласманот во финалниот меч каде за противник ќе го имаат Њукасл. Марсијал погоди во 73., додека Фред беше прецизен во 76. минута.

 

ПретходноМиовски со 12-ти гол сезонава, но Абердин повторно поразен
СледноБарса не го дава врвот: Рафиња и Левандовски за нова победа (ВИДЕО)