Матеј Цветаноски нов играч на Академија Пандев

696

Екс Македонскиот младински репрезентативец и интернационалец во Унгарија односно Албанија, Матеј Цветаноски е нов играч на тимот на Академија Пандев.

Тој зимава си замина од на Партизани во Албанија, каде што пристигна од унгарски Ѓирмот. Претходно имаше одличен период минат во тимот на Шкупи со што и си ги обезбеди трансферите во странство.

Сега, се враќа во домашниот шампионат, за да му помогне на тимот на Академија Пандев да го поправи впечатокот сезонава и напролет да одигра на потребното ниво.

Цветаноски би требало да се приклучи на тимот на Академија Пандев веќе денеска или утре на подготовките во Анталија.

 

ПретходноБурсаќ пред излезните врати, МЗТ Скопје наскоро со ново засилување?
СледноКуп на Македонија: Алкалоид против Бутел, Вардар со Охрид!