Кристијано Роналдо. Човек – приказна. Секој ден, секој час има по нешто интересно за него. Се знае сега каде игра, се знае дека пред некој ден газдите на Ал Наср му подарија часовник специјално направен за него кој чини богатство.
Но малку се знае, барем според медиумите во Србија, дека тој во септември 2019 година, кога се играше натпреварот меѓу Србија и Португалија, во хотелската соба во Белград заборавил два часовника со вредност од 3,5 милиони евра.
Среќа негова што хотелските служби реагирале професионално, па преку ФСС двата часовника му биле вратени на Кристијано.