Недановски: Победивме, но ќе бидеме многу подобри

121

Ракометарите на Вардар 1961 ја остварија првата победа во новата сезона од регионалното ракометна натпреварување, СЕХА Лигата. Вечерва во Скопје „падна“ Партизан.

По мечот, тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски го коментираше дуелот.

„Ова беше еден интересен натпревар против екипа како Партизан составена од млади ракометари кои играат брз и атрактивен ракомет. Мора да се истакне дека се почувствува и кај дел од играчите дека се заморени од Светското првенство. Може да искажаме само благодарност до нив што собраа сили да играат. Ни недостасуваа и двајца ракометари за ротација, па покажавме слабости и во нападот и во одбраната. Ова не е целата слика за Вардар. Кога екипата ќе биде комплетирана ќе се обидеме да ја изградиме сликата за Вардар во втората полусезона. Со Марковски и Аларов добивме универзалци во одбраната, како и Дутра кој мора да се адаптира во новата средина. Потребно е трпение и работа, па сметам дека на следниот меч со Татран ќе има подобрување“, вели Недановски, кој призна дека денеска голем удел во победата имаше и големата поддршка од навивачите.

ПретходноФиорентина обезбеди полуфинале на Купот (ВИДЕО)
СледноСите зимски трансфери во Премиер лигата: Челзи потроши 300 милиони, Евертон не купи ниту еден играч!