Нов пораз за Работнички, битолчани со цел плен од Скопје (ФОТО)

173

Пелистер со целиот плен си замина од Скопје, откако го совлада Работнички со 79-88 во рамките на последниот меч од 13 коло во Првата лига. За најтрофејниот колектив ова е втор пораз во низа по дуелот со Феникс, вкупно шестти сезонава, додека гостите дојдоа до десетата победа.

Карпентер со 30 поени беше лидер кај гостите, зад него беше Карутерс со 18 поени. Малешевиќ со 20 поени и 7 скока беше најдобар на Работнички.

Битолчани моќно влегоа во мечот, поведоа со 4-20. На другата страна тимот на Димитар Мирковски делуваше изгубено, и во нападот и во одбраната. По првата четвртина резултатот беше 16-28. Домаќинот успеа да фати некој ритам во следните десет минути, поточно од средината на вториот период. По најголемата негатива од 17 поени (22-39), Работнички се врати со 22-7 и намали на само 42-46 на одморот.

Темпото падна во редовите на битолскиот тим. Па третата четвртина беше речиси рамноправна, најтрофејниот се доближи на 56-58, па 64-66 на стартот на последните десет минути.

По две и пол минути игра, гостите постигнаа седум поени во низа за 64-73, додека домаќинот се мачеше. Малешевиќ го прекина молкот со удар за три поени за 67-73. Караџовски со тројка зголеми на 67-76, а Мираковски незадоволен од она што го виде, повика тајм-аут.

Не помогна, Пелистер поведе со 67-79 на четири минути до крајот.  До овој момент битолчани имаа 13-3. Сепак и Пелистер влезе во серија на грешки, екс-кошаркарот Малешевиќ со поет поени и Џексон со положување ја вратија драмата на теренот (74-79).ж

Пелистер имаше одговор, Карпентер, најефикасниот кошаркар, постигна важни поени за 74-83 на 1:48 до крајот. Ова беше доволно за мирен финиш.

ПретходноАнчелоти: Зошто не играат Азар, Одриозола, Ваљехо? Тука сум да победувам, а не да давам минути на играчи
Следно(ФОТОВЕСТ) ФК Вардар на РК Вардар против Партизан