Самир Фазли се врати меѓу „лавовите“

420

Напаѓачот Самир Фазли се врати во Македонија Ѓорче Петров по авантурата во казахстанскиот ФК Туран. Фазли играше за „лавовите“ од Ѓорче па минатата година направи трансфер во споменатиот казахстански прволигаш, а сега повторно е со тимот од Ѓорче на подготовките во Анталија.

Во минатото Фазли играше и за Шкендија, беше и во хрватски Рудеш, холандските Херенвен, Хелмонд Спорт и швајцарски Вил. Кариерата ја почна токму во Македонија ЃП.

Претходно(ФОТОВЕСТ) ФК Вардар на РК Вардар против Партизан
СледноФилип Тодороски е нов играч на Работнички