Најдобриот играч во американски фудбал на сите времиња, Том Брејди на социјалните мрежи објави дека „дефинитивно завршил со кариерата“.
„Се повлекувам засекогаш. Ви благодарам момци што ми дозволивте да го живеам мојот сон“, изјави Брејди (45) во своето видео.
View this post on Instagram
Во текот на својата 23-годишна кариера во НФЛ, Брејди освои рекордни седум шампионски титули, вклучувајќи шест како член на Њу Ингланд Патриотс, за кои играше од 2000 до 2019 година и уште една со Тампа Беј, каде ги помина своите последни три сезони.
Откако беше елиминиран во минатогодишниот плеј-оф, Брејди најави крај на кариерата, за во текот на пролетта да се премисли и да се врати да одигра уште една сезона.