Талентираниот напаѓач на Победа, Филип Тодороски се сели во Работнички. Спортмедиа дознава дека крилниот играч кој има 19. години во моментов утре ќе им се приклучи на „Романтичарите“ на подготовките во Охрид и ќе потпише договор со тимот од Дебар Маало.
Се работи за исклучително талентирано момче кое изминатиот период имаше солидна минутажа во Победа, а имаше и најави за негов сензационален трансфер во Турција, поточно во тимот на Бешикташ.
Сепак, Тодороски се одлучува очигледно за посигурната варијанта, и ќе настапува за Работнички, тим кој докажано е добра средина за млади фудбалери на кои им се дава сериозна минутажа.