Фиорентина обезбеди полуфинале на Купот (ВИДЕО)

100

Фудбалерите на Фиорентина славеа над Торино со 2:1 и со тоа се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија.

Лука Јовиќ во 65. минута од натпреварот го отвори резултатот за водство на „виолетовите“ од 1:0, по што следуваше гол на Џонатан Иконе во 90. Минута за потврда на пласманот на Фиорентина меѓу четирите најдобри во купот.

Утешниот гол за гостите беше дело на Јан Карамо во третата минута од судиското надополнување.

ПретходноПетмина од Барса вечерва под закана за суспензија на мечот со Бетис
СледноНедановски: Победивме, но ќе бидеме многу подобри