Челзи “лупна“ 323 милиони фунти за нови играчи во овој преоден рок!

434

И дефинитивно со доаѓањето на Тод Боли во Челзи и тоа како променија некои работи. Имено иако “сините“ под Роман Абрамовиќ знаеја да го купат најскапото на пазарот, но она што го прави Американецот се граничи со лудост.

Имено во овој преоден рок, кој заврши синоќа со спектакуларниот трансфер на Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи за рекордни 121 милиони евра, рекордни за Островот, Челзи потроши дури 323 милиони фунти.

Бројка која се граничи со лудило.

Ангажирани се осум нови играчи, од кои само еден, Жоао Феликс, дојде на позајмица.

Фернадез чинеше 106.8 милиони фунти, Мудрик 88,5 милиони фунти, Бадиашил од Монако пак дојде за 35 милиони…

Во продолжение можете да ги видите сумите кои Челзи ги плати сите овие осум нови играчи, а вкупната е 323,3 милиони фунти.

ПретходноЈокиќ е од некоја друга планета, Леброн на 89 поени до рекордот на Џабар! (ВИДЕО)
СледноЗимскиот “меркато“ е завршен, вистинската “бомба“ се спрема за 2024!