По шокантниот трансфер на Кристијано Роналдо во Ал Наср, сега пребогатите шеици се во нов поход. Имено државата Саудиска Арабија, преку своите клубови упатила понуди до Лука Модриќ, Карим Бензема и Серхио Рамос, инаку сите тројца ветерани, кои некогаш заедно играа во Реал Мадрид, а сега Шпанецот е член на ПСЖ, да дојдат во Ријад, да одберат клуб за кого ќе играат.
А понудите се баснословни. За една година играње секој поединечно би заработил 30 милиони евра и тоа нето. Инаку на оваа сума не се сметаат разни бонуси и награди. Сепак треба да се потпише двегодишен договор, а за платата во втората година ќе имало зголемување.
Сега на потег се Лука, Карим и Серхио.