Македонскиот второлигаш Гостивар одигра 1:1 против У19 тимот на Викторија од Берлин. Мечот се одигра на спортскиот центар „Емирхан“ во Анталија, а двата гола паднале во финишот на мечот. Повела германската екипа со гол во 89 минута, а во наредната акција за Гостивар израмнил Филип Петковски.