Ете го и првиот Австриец во Манчестер Јунајтед

145

Изненадување од Манчестер Јунајтед. Во последните часови од преодниот рок великанот од „Олд Трафорд“ го засили дефанзивниот ред за врска со австриски репрезентативец. Се работи за Марсел Забитцер кој доаѓа од редовите на Баерн Минхен како позајмен фудбалер.

Тој е првиот Австриец во редовите на Манчестер Јунајтед односно Австрија е 44 држава која ќе има претставник во клубот од „Олд Трафорд“.

Забитцер за Австрија има 68 натпревари, а пред Баерн играше за РБ Лајпциг, РБ Салцбург, Рапид Виена и Адмира Вакер.

FOTO> Скај Спортс

ПретходноСо „Комити“ и несовршеното изгледа добро: Вардар го урна Партизан за прва СЕХА-радост (ФОТО)
СледноОд вечерва поинаков фудбал – судиите со микрофон ќе ги објаснуваат своите одлуки