Џон Хердман, селекторот на Канада само поради една своја изјава беше една од ѕвездите на Мундијалот во Катар. Имено тој пред мечот со Хрватска кажа дека ќе ја е*ат таа селекција. Но не беше така, Канада во групата доживеа три порази од Белгија, Хрватска и Мароко и мораше да си замине од СП по завршување на групната фаза.
Интересно е тоа што сега, барем така се најавува од Канада, Хердман имал намера да ја напушти селекторската функција на Канада и да замине на Нов Зеланд, каде би ја презел селекцијата на таа земја.