Петмина од Барса вечерва под закана за суспензија на мечот со Бетис

268

Барселона вечерва игра против Реал Бетис во меч од 17. коло на Ла Лига, со надеж дека ќе освои три бода и ќе ја задржи предноста на табелата. Во моментов Каталонците ја заземаат првата позиција со предност од 5 бода зад конкурентите, Реал (М).

Сепак, дури четворица играчи на Барселона вечерва се во опасност да бидат суспендирани пред следниот тежок меч со Севиља.

На еден жолт картон до суспензија се Серхио Бускетс, Роналд Араухо, Феран Торес и Гави. Доколку добијат опомена против Бетис, тие ќе го пропуштат натпреварот против Севиља на „Камп Ноу“.

Покрај овие четворица, на чекор до дисквалификација е и Чави. Тренерот на Каталонците веќе доби четири опомени во Примера, вклучително и една минатиот викенд кога Блауграна се соочи со Жирона.

ПретходноРК Вардар со порака: Решение за ФК Вардар – веднаш!
СледноФиорентина обезбеди полуфинале на Купот (ВИДЕО)