Актуелниот ПМФЛ есенски шампион, тимот на Струга Трим Лум, предмалку во рамките од подготовките во Анталија, одигра нерешено 2:2, против екипата на Хелсингор од Данска.
Во борбена и квалитетна игра, тимот на Струга на два пати водеше на овој дуел, но сепак, на крајот не успеа да триумфира.
Во 28. минута за водство на стружани погоди Бесарт Ибраими, а по израмнувањето на противникот преку Дрост, ново водство за Трим Лум донесе Христијан Малески пред полувреме.
Сепак, Моуритсен во 51. минута израмни на 2:2 што беше и конечен резултат на овој дуел.