Се изнакупуваа играчи, но за ЛШ ќе може да пријават само тројца

204

Во зимскиот преоден рок Челзи се изнакупува нови фудбалери. Квалитетно се засили меѓутоа од деветте новодојденци ќе може да пријави само тројца за пролетниот дел од Лигата на шампионите, тоа го велат правилата на УЕФА.

По јануари на секој клуб учесник во нокаут фазата на ЛШ му е дозволено да смени во тимот, меѓутоа не повеќе од тројца фудбалери. Во минатото фудбалерите кои одиграле барем еден меч во ЛШ нема да може да игра за новиот клуб во истото натпреварување, но тоа правило е тргнато.

Челзи ги донесе играчот од средниот ред Енцо Фернандез во последниот ден од преодниот рок за рекордни за англиски услови 120 милиони евра, потоа крилото Михајло Мудрик за 70+30 милиони евра, централниот бек Беноа Бадијашил (38 мил.евра), крилото Нони Мадуеке (35 мил.евра), десниот бек Мало, потоа Густо (30 мил.евра), играчот за врска Андреј Сантош (12,5 мил.евра), напаѓачите Датро Фофана (12 мил.евра) и Жоао Феликс (позајмица за 11 мил.евра).

Додека Челзи може да смета на сите нив во Премиер лигата, сепак, ќе мора да го скрати списокот за ЛШ. Во осминафиналето „сините“ ќе играат со Борусија Дортмунд.

ПретходноТом Брејди дефинитивно ја завршува кариерата (ВИДЕО)
СледноОчајна вечер за Мбапе: Промаши пенал, па промаши празен гол и на крај се повреди (ВИДЕО)