Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски не застанува. По финалето на тунискиот Монастир, тој веќе е дел од нов фјучрс и тоа во истиот град.
Ивановски се пласираше во четвртфиналето во Тунис, откако го совлада Полјакот Олаф Пјечковски со 2-0. Најдобриот македонски тенисер изгуби само два гејма, во првиот сет беше 6-2, додека вториот имаше полесна задача, го доби со 6-1.
Во четвртфиналето Ивановски за противник ќе го има осмиот носител, Французинот Артур Букуле.










