Македонија ја доби групата за следните У21 квалификации

864

Македонската репрезентација до 21. година ги доби противниците за следниот квалификациски циклус кој за нас стартува или на пролет или пак наесен во зависност од распоредот. Европскиот шампионат се игра во Словачка во 2025 година

Како главен фаворит во нашата група е репрезентацијата на Холандија која ја извлековме од шеширот број еден.

Од вториот по сила шешир ја добивме репрезентацијата на Шведска, а од следните шешири ги добивме Молдавија и Грузија. Од последниот шешир каде што се најдоа најслабо рангираните репрезентации го добивме и најслесниот противник Гибратлар.

Во текот на денот ќе го дознаеме и распоредот на мечевите.

Група Ц:

Македонија

Холандија

Шведска

Грузија

Молдавија

Гибралтар

ПретходноМарсијал се израмни со Дејвид Бекам
СледноМирко Ивановски во Конкордија