Рафаел Варан на 29 години стави крај на репрезентативната кариера!

345

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан (29) одлучи да стави крај на репрезентативната кариера и наскоро ќе објави дека се збогува со дресот на триколорите и во иднина ќе се посвети само на клупските обврски.

Варан ја донесе одлуката поради бројните повреди кои ги имаше во изминатите години. Тој смета дека има премногу натпревари со репрезентацијата и сега сака целосно да се фокусира на клупската кариера и реши да се збогува со репрезентацијата.

29-годишниот фудбалер веќе му ја соопштил својата одлука на селекторот на Франција, Дидие Дешамп и нема да смета на неговите услуги во наредните години и предизвиците што следат.

Сигурно е интересно што фудбалерот на Манчестер Јунајтед беше главен кандидат за нов капитен на националниот тим. Сепак, на крајот ништо нема и Дешамп ќе мора да најде друго решение за новиот предводник на националниот тим.

Одличниот дефанзивец имаше многу успеси во француската репрезентација со која го освои светското првенство во 2018 година, а среброто во Катар минатата година.

Вкупно, 29-годишниот стопер настапи на 93 натпревари за „триколорите“ и постигна пет гола. Тој дебитираше во 2013 година и беше еден од најважните играчи во одбранбената линија на оваа селекција.

ПретходноПелистер на поправен кај Нексе, Валтер најавува: Имаме добри шанси за израмнет дуел!
СледноМакедонија Ѓ.П со пораз од Спартак Варна!