Килијан Мбапе го големи болки, куцајќи, го напушти мечот против Монпелје по само 20 минути игра. Многумина се надеваа дека повредата не е сериозна, но денешните прегледи покажаа поинаква слика.
„Л’Екип“ пренесува дека речиси е сигурно дека Мбапе ќе биде надвор од терените најмалку три недели. Ова значи ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Баерн.
„Лекарските прегледи на Килијан Мбапе се загрижувачки. Тој има повреда на бутниот мускул и за ваков вид повреда е потребна пауза од најмалку три недели“, пишува угледниот француски весник.
Мбапе на тој начин, според сите оценки, ќе пропушти неколку многу важни натпревари на својот тим, а покрај дуелот со Баерн во Лигата на шампионите, следуваат неколку исклучително силни дуели.
ПСЖ викендов го чека Тулуз, пред Баерн има дуели со Марсеј (Куп) и Монако, потоа дуели со Лил, и уште еден дуел со Марсеј (шампионат).










