Екипата на Јувентус се пласираше во полуфиналето на италијанскиот Куп по вечерашната победа над Лацио со 1:0 во Торино. „Старата дама“ славеше минимално, па така влезе меѓу четирите најдобри во Купот и за место во финалето ќе се бори со Интер.
„Старата дама“ која се најде во проблеми поради истрагата за лажни финансии и одземање на бодови, успеа малку да светне во овие сиви денови и да ги израдува навивачите. Голот вреден пласман во полуфинале го постигна Бремер во првото полувреме.
Во другото полуфинале ќе играат Фиорентина и Кремонезе, а истите се закажани за 25 и 26 април. Финалето е на 24 мај.
GOAL! Gleison Bremer scores his first goal for Juventus to put us ahead against Lazio.pic.twitter.com/7RIqDRz1kw
— Max Statman (@emaxstatman) February 2, 2023