„HandballRanking“: Македонија е на 24. место во светот, зад нас се Швајцарија, Црна Гора, Романија…

124

Македонија е 24-та ракометна сила во светот и тоа според специјализираната интернет страница „HandballRanking“. Имено, иако ова рангирање не е официјално и ЕХФ и ИХФ не го признаваат за валидно, нашата машка ракометна репрезентација се наоѓа пред една Швајцарија, Црна Гора, Романија, БиХ, Грција.

Додека на прво место е Данска, следува Шпанија, Франција, Норвешка. Тоа се селекциите од ТОП-5 во светот.

Потоа следуваат Шведска, Германија, Египет, Хрватска, Словенија, Исланд, Србија, Унгарија, Португалија, Русија, Бразил, Катар, Белорусија, Полска, Аргентина, Холандија, Чешка, Тунис, Бахреин, МАКЕДОНИЈА…

ПретходноЛудило: Мајкл Џордан во 2022 година заработил 2,5 пати повеќе отколку во целата своја кариера!
СледноПСЖ сепак му верува, Раул доби нов договор!