Фенербахче не го пријави Алиоски за пролетните настапи во Лигата на Европа!

509

Изненадување или не, но Езџјан Алиоски, еден од најдобрите фудбалери, без разлика дали ќе остане или не во Фенербахче, сепак нема да игра во пролетните настапи во Лигата на Европа. Причината е таа дека неговиот актуелен клуб едноставно не го пријави македонскиот репрезентативец за настапите кои што претстојат во фудбалска Европа за гигантот од Босфорот.

Медиумите во Турција веќе подолго време најавуваат дека Фенебахче сака по секоја цена да се “ослободи“ од Џани, дека не се смета на него, но досега нема ништо официјално.

Сепак овој потег на Фенер, да не го пријави Џани за пролетните настапи во ЛЕ, веројатно нешто значи.

ПретходноБилбао го “скрши“ Кадиз! (ВИДЕО)
СледноМеси за СП во 2026: Се чини дека е далеку, но ако бидам подготвен…