Червар: Претседателот ме смени затоа што мислеше дека сум опасност за него!

371

Легендарниот Лино Червар во средата болен, тажен и разочаран ја напушти седницата на Хрватскиот ракометен сојуз.  Тој беше разрешен од позицијата координатор на сениорската репрезентација со одлука на сојузот, кој му врачи отказ и на досегашниот селектор Хорват.
За медиумите, Червар проговори за разрешувањето.

„Сега Зоран Гобац е среќен. Не бев координатор на сениорската репрезентација. Всушност, постои официјален договор кој не зборува за тоа и жал ми е за тоа. Да можеш јавно да кажуваш вакви лаги е храброст. Гобац ме отрстани затоа што мисли дека е татко на ракометот! Мислеше дека сум му опасност, но не сум опасност за никого. Јас се занимавам со ракометот, немам никакви амбиции“, изјавил лутиот Червар, кој се чини дека ја завршува својата ера во хрватскиот ракомет.

ПретходноЈокиќ со 17-ти трипл-дабл, Дончиќ се повреди во новата победа на Далас (ВИДЕО)
СледноЛеонида Гичевска потпиша за француски Безансон