Валтер: Видливо е дека имаме проблем со повредите

112

Тренерот на Е. Пелистер, Ларс Валтер по вчерашниот втор пораз на битолчани на стартот од СЕХА лигата, вели дека повредите се причина за слабиот старт на сезоната во регионалната конкуренција

„Сакам да му честитам на домашниот тим за победата и добриот меч. Видливо е дека ние имаме проблеми со повреди. Клучниот момент беше кога добивме две исклучувања. А едноставно не можеш да преживееш така против одличен тим како Нексе. Среќен сум што се враќавме во мечот во два наврати. Имаме долго патување пред нас, а потоа следат два дена одмор кои ќе ги искористиме за анализа пред мечот во Данска“, вели Валтер.

Слично размислување имаше и младиот Танкоски.

„Ова беше заслужен триумф на Нексе. Ние ќе го дадеме најдоброто за да продолжиме напред и да научиме што е можно повеќе од овој пораз“.

ПретходноПотер: Толку беше од трансфери, на лето ќе биде многу поразлично
СледноВлаховиќ можел да замине во Реал оваа зима, но Анчелоти не сакал да преговара