Челзи – Фулам 0:0 е епилогот на деби настапот на Енцо Фернандез, најскапиот фудбалер во историјата на британскиот фудбал. Аргентинецот кој пред три дена потпиша за Челзи за 121 милиони евра, веднаш беше во стартниот состав на тимот на Греам Потер, но и тој не им помогна на “сините“ да ги освојат трите бода и да ги израдуваат своите фанови вечерва на “Стемфорд Бриџ“ во меч од 22.коло во Премиерлигата.
Енцо одигра една сосема просечна партија, сепак ова беше негов прв настап за “сините“ кои со играта и вечерва, а повеќе со резултатот, едноставно разочараа. Овој Челзи ни од далеку не оној кој што пред две години ја освои Европа со освојување на Лигата на Шампионите.