На денешната седница, Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе одлука да достави иницијатива до јавното обвинителство за кривично гонење на во моментов директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Наумче Мојсоски како и членовите на централната комисија. Под сомнение дека сториле злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови.
ДКСК до Владата ќе достави и иницијатива за утврдување одговорност на овие лица, а до УЈП за извршување надзор на сите субјекти од областа на спортот во поглед на користење на средствата преку т.н. ваучер систем во периодот од 2020, 21 и 22 година.
Анализата на ДКСК вели дека иако по основ на ваучер системот на годишно ниво се трошат околу милијарда денари, сепак, АСМ нема никаква отчесност по овој основ, односно како ги доделува и како се трошат овие стедства.
Членот на ДКСК Владимир Георгиев, појасни дека во 2021 година биле анализирани постапките и активностите при спроведување и користење на средства при доделување на ваучери од Агенцијата за млади и спорт и централната комисија, како и за пропустите и непочитувањето на Законот од страна на дел од федерациите и спортските клубови при конкурирањето, нивното користење на средствата и отчетност.