Калин Ивановски не го менува темпото, тој ќе биде дел од полуфиналето од фјучерс турнирот во Монастир, Тунис.
Нашиот најдобар тенисер денеска во четвртфиналето го совлада Французинот Артур Букие со 2:0 во сетови (6:2,7:5). Тој беше осми носител на турнирот. По убедливата игра во првиот сет кој го доби со 6-2, Ивановски наиде на посилен отпор во вториот сет, но искусно го доби во своја корист.
Во полуфиналето Калин Ивановски ќе игра против подобриот од мечот меѓу Тао Му и Федерико Јанаконе.